петок, 18 октомври 2024

Американците сè почесто доцнат со плаќањето на кредитите и кредитните картички

Објавено на

часот

Сподели

Кренатите каматни стапки им донесоа голема добивка на Бенк оф Америка, Џеј пи Морган Чејс, Велс Фарго и Ситигруп, но нивните шефови предупредуваат дека оваа година ќе биде послаба поради заканите од рецесија и зачестените проблеми на клиентите со плаќањето.

„Забележавме постепено слабеење на некои трендови на финансиското здравје на потрошувачите во споредба со минатата година“, кажа главниот финансиски директор на Велс Фарго Мајк Сантомасимо минатата недела.

Извршниот директор на банката Чарли Шарф, пак, додава дека проблемите со подмирувањето на обврските и нето отпишувањата се нешто почести, што и се очекувало, но потрошувачите и претпријатијата генерално се и понатаму силни.

Велс Фарго во првото тромесечје за покривање на потенцијалните ненаплатливи кредити резервирала 1,2 милијарди долари. И Ситигруп ставила на страна поголем износ за можните загуби од кредитите, но истовремено пораснал приходот од каматите на кредитните картички.

Клиентите имаат повеќе проблеми со подмирување на обврските, како што се очекуваше, но стапката на ненаплатливи кредити сè уште е пониска од вообичаеното во кредитното портфолио, кажа финансискиот директор на банката Ситигруп Марк Мејсон.

„Ги заостривме кредитните стандарди, пред сè поради актуелната пазарна атмосфера во работењето со картички, и континуирано ги нагодувме нашите осигурувања на кредитите врз основа на макроекономските трендови“, толкува Мејсон.

Уделот на ненаплатени побарувања веројатно ќе се врати на „нормалното“ ниво од три до 3,5 отсто за брендираните картички и пет отсто до 5,5 отсто за малопродажните услуги до почетокот на 2024 година, кажа Мејсон.

Во моментов изнесува 2,8 отсто за брендираните картички и четири отсто за малопродажните услуги, наведува Ситигруп во презентацијата на деловните резултати.

„Потрошувачот според сите историски стандарди е во одлична форма кога станува збор за квалитетот на кредитите. Вработувањето и понатаму е добро, платите исто така, сè уште не сме забележале пукнатини во тоа портфолио“, им кажа на новинарите главниот финансиски директор на Бенк оф Америка Алистер Бортвик.

Некои од клиентите на Џеј пи Морган почнале да доцнат со плаќањето, но нивото на доцнења е сè уште скромно, кажа Џереми Барнум, финансискиот директор. „Не гледаме многу назнаки за проблем“, заклучи Барнум.

Банката во првото тромесечје повеќе од двојно ги зголемила резервациите за загуби од кредити, на 2,3 милијарди долари.

Доколку се влоши состојбата во економијата, „ќе се влоши и ситуацијата со кредитите во 2023 и 2024 година, и загубите во тој случај би го надминале нивото од пред пандемијата, имајќи ја предвид претстојната рецесија“, предвидуваат аналитичарите на УБС предводени од Ерик Најаријан.

Сметаат сепак дека проблемите со подмирувањето на финансиските обврски нема да го достигне нивото на претходните кризи.

Аналитичарката на Морган Стенли Бетси Грасек забележува, пак, дека големите  средните заемодавци се сè поконзервативни во управувањето со ризикот. „Тоа значи поспор раст на кредитите во 2023 и 2024 година“, додава Грасек.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ