Србија парираше само во првата четвртина која беше и најинтересна, заврши 28-28, а потоа НБА ѕвездите од САД почнаа да се одлепуваат. На полувремето беше 59-45 за Американците.
Тие продолжија да ја зголемуваат предноста и во вториот дел, Србија изгледаше деорганизирано и немоќно наспроти противникот, конечниот резултат беше 105-79.
Најефикасен на мечот беше Стеф Кари со 24 поени од кои шест беа тројки.
САД и Србија наскоро ќе имаат уште една средба, овојпат многу позначајна. Тие играат во првото коло од групната фаза на Олимписките игри.