среда, 23 октомври 2024

Америка потврди: Севернокорејците се во Русија, тоа ќе има последици во Европа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека има докази дека во Русија има севернокорејски војници и дека останува да се види што ќе прават таму.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат докази дека севернокорејските сили се во Русија“, изјави Остин денеска за новинарите во Рим, пренесе Ројтерс. „Што точно прават таму? Тоа останува да се види. Тоа се работи што мора да ги решиме“, додаде Остин.

Како што објави Њујорк тајмс, Остин го нарече присуството на севернокорејски војници во Русија „многу сериозна ескалација“ што „ќе има последици и во Европа и во Азија“.

Синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски наведе разузнавачки информации за подготовка на две бригади во кои има до 12.000 севернокорејски војници, кои треба да учествуваат во војната против Украинците рамо до рамо со руските војници.

Последниве денови се појавија неколку видеа на кои се чини дека се прикажани севернокорејски војници во Русија. Тие, наводно, биле создадени во руска база на далечниот исток на земјата, на околу 200 километри од границата со Северна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ