Разурнувачот Лабун вчера собори четири беспилотни летала кои дојдоа од подрачјата под контрола на Хутите во Јемен и беа насочени кон американскиот брод, соопшти американската воена команда преку мрежата Икс, наведувајќи дека нема повредени или материјална штета.
On December 23 two Houthi anti-ship ballistic missiles were fired into international shipping lanes in the Southern Red Sea from Houthi controlled areas of Yemen. No ships reported being impacted by the ballistic missiles.
Between 3 and 8 p.m. (Sanaa time), the USS LABOON (DDG… pic.twitter.com/jcBisbXBaS
— U.S. Central Command (@CENTCOM) December 24, 2023
Американската воена команда објави дека и Саибаба, танкер кој плови под индиско знаме, вчера беше погоден во Црвеното Море во напад на беспилотни летала испукани од бунтовниците Хути од Јемен, додавајќи дека нема повредени.
Беспилотното летало испратено од Хутите го гаѓало и танкерот Бламанен што пловел под норвешкото знаме и за малку ќе го погодил, додаде Централната воена команда на САД.
Според Централна воена команда, ова е 15-от напад на јеменските бунтовници врз бродови во Индискиот Океан од 17 октомври.
Бунтовниците Хути во Јемен неодамна извршија серија напади со беспилотни летала и ракети на бродови во Црвеното Море. Бунтовниците кои контролираат голем дел од Јемен велат дека целта се бродовите што се поврзани со Израел поради војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.
Многу големи бродски компании ги прекинаа активностите во Црвеното Море поради зголемениот ризик од напади.