сабота, 26 октомври 2024

Амбасадата на САД во БиХ: Пораките од Белград се закана за Дејтон и за мирот

Американската амбасада во Босна и Херцеговина ја оцени декларацијата на Сесрпскиот собир одржан во Белград како смислен напад врз Дејтонскиот мировен договор, а пораките на претседателот на Република Српска Милорад Додик како закана за мирот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во реакцијата на социјалната мрежа Икс се истакнува дека заклучоците кои се однесуваат на БиХ не претставуваат одбрана на Дејтонскиот договор, како што тврдат авторите, туку се смислени напади на тој договор и државните институции на БиХ. „Ова е опасно“, се заклучува во пораката.

На Сесрпскиот собир на кој присуствуваа претставници на Србија и на Србите од БиХ, Косово, Црна Гора и Македонија, се повика на зачувување на „виталните национални цели и слободи“. Истакната е неделивоста на Косово од Србија и почитувањето ан Дејтонскиот договор за БиХ, а осудено е секое негово кршење.

Американската амбасада оценува дека Дејтонскиот договор и уставот на БиХ не им даваат на ентитетите „право на отцепување или раздружување“.

„Плановите и постапките на Додик ја доведуваат во прашање мирната, демократска и просперитетна иднина во евроатлантските институции која граѓаните на БиХ, вклучувајќи ги жителите на РС, ја сакаат и заслужуваат“, се наведува во реакцијата на американската амбасада.

Додик вечерва на гостувањето во Радиотелевизија на Република Српска повторно најави дека РС еден ден ќе стане независна држава.

„Република Српска е држава, сè повеќе ќе биде тоа, еден ден ќе излеземе од БиХ, за нас тука нема среќа, а нема среќа ни за Бошњаците вака. Не сакам во политичка смисла да живеам со луѓе кои ни наметнаа дека сме геноциден народ“, кажа Додик истакнувајќи дека Србите немаат пријатели во Сараево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ