вторник, 26 ноември 2024

Амбасадата на САД им порача на своите граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија

Објавено на

часот

Сподели

Голем број земји, вклучувајќи ја и Литванија, ги затворија граничните премини со Белорусија поради нејзината соработка со руските сили за време на инвазијата на Украина, пренесува Скај њуз.

„Напуштете ја Белорусија преку преостанатите гранични премини со Литванија и Латвија или со авион“, се наведува во соопштението.

Амбасадата, исто така, ги предупреди Американците да не патуваат во Белорусија поради нејзината поддршка за руската инвазија на Украина и поради ограничените можности што Соединетите држави можат да им ги дадат на поединци кои живеат или патуваат таму.

Засега се отворени четири гранични премини со Литванија, со можно дополнително затворање на границите.

Белорускиот лидер Александар Лукашенко неодамна изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не се обидува да ја принуди Белорусија да се приклучи на војната во Украина и вети дека силите на Минск никогаш нема да учествуваат во војната доколку украинските трупи не ја преминат границата со Белорусија.

Иако Белорусија не испрати сили да се борат во Украина, таа ѝ дозволи на Русија да ја користи нејзината територија како полигон за инвазијата што Москва ја започна во февруари 2022 година, Лукашенко ја поддржуваше руската војна и често се среќаваше со Путин.

Лукашенко ја покажа својата лојалност кон крајот на јуни кога учествуваше во преговорите за прекин на бунтот на приватната платеничка група на Вагнер.

Тој тврдеше дека помогнал да се запре бунтот така што се договорил со водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин и Путин, да бидат домаќини на војниците на Вагнер во Белорусија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ