четврток, 28 ноември 2024

Алушовски е нов тренер на Охрид, клубот промовираше и четири сериозни засилувања

Објавено на

часот

Сподели

Алушовски ќе биде тренер на Охрид кој ќе има високи амбиции во следната сезона.

„Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонакиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на РК Охрид. Во разговор со градоначалникот на Охрид г-дин. Кирил Пецаков и се она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт”, изјави новиот тренер на ГРК Охрид, Алушовски.

Клубот промовираше и четири сериозни засилувања за следната сезона. Голманот Даниел Ѓорѓески, левото крило Гоце Ојлески, десното крило Никола Стоилевски и специјалистот за одбрана Милорад Кукоски се нови ракометари на Охрид.

s

Ѓорѓески доаѓа од унгарскиот тим Будакалас,  а пред тоа настапуваше за: Металург, РК Вардар и Пелистер.

„Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи”, изјави Ѓорѓески.

Македонското репрезентативно крило, Гоце Ојлески пристигна во Охрид откако со Пелистер ја освои шампионската титула.

„Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи”, изјави Ојлески.

24-годишниот Стоилевски во Орхид доаѓа од вториот тим на Пелистер. Претходно има настапувано за првиот тим на битолчани, за Металург и Бутел. 

„Драго ми е што ќе бидам дел од екипа која има одлични планови и цели за во иднина кои би ми помогнале многу да напредувам како играч”, изјави Стоилевски.

И Кукоски како и Ојлески, во Охрид доаѓа откако ја освои шампионската титула со Пелистер.

„Мило ми е што доаѓам во клуб со европски амбиции, кој расте од година во година. Сигурен сум дека ќе ги оправдаме очекувањата на управата и публиката”, изјави Кукоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ