вторник, 22 октомври 2024

Алтернатива: ДУИ чека спас од Будимпешта и е во контакт со Груевски кому му служеше 8 години

Објавено на

часот

Сподели

„Многу пологичен коментар за веќе слушнатите ставови на Христијан Мицкоски е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе може да бара партнер кај албанските партии само ако јасно, недвосмислено и на дело покаже дека навистина е за ЕУ перспективите на државата и за стратешкото партнерство со САД. Но ДУИ, свесно или несвесно, и јавно застана зад поранешниот премиер Никола Груевски во чија Влада служеа 8 години. Клучната дилема е, каков зорт има раководството на ДУИ штом почна јавно да им се додворува на поранешните политичари кои се наоѓаат на црната листа на САД? Дали спасот го очекуваат од Будимпешта? Точно ли е дека ракодството на ДУИ е во редовна комуникација со Никола Груевски?

Инаку, Алтернатива сака да им порача на ДУИ да излезат од филмот дека имаат монопол врз албанскиот електорат. Залуден им е стравот дека евентуална широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги однесе во опозиција. Мнозинството гласачи Албанци на следните избори, кога и да се случат, ќе ги испратат во опозиција заради криминалот, корупцијата и целосното одлепување од реалноста. Ги охрабруваме да продолжат да ги ставаат интересите на Албанците во втор план заради личните интереси на неколкумина во врвот на ДУИ. Така ѝ помагаат на албанската опозиција секојдневно да се окрупнува во борбата за вистински европски вредности и сигурна иднина за граѓаните“, се вели во соопштението на Алтернатива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ