вторник, 22 октомври 2024

Алтернатива: Човек вработен кај Груби дава партиски ум на колегиум во МРТ

Објавено на

часот

Сподели

„Поради ова јавно го прашуваме министерот Артан Груби, кое е ова лице и што бара на состаноците на МРТ? Покрај него, и главната уредничка на вториот канал, Мерита Гаши, треба да одговори кој е овој емисар на Артан Груби таму и со каква улога се меша во МРТ.

Овде сакаме да ја потсетиме јавноста дека учеството на луѓето од политиката на состаноците на јавниот сервис е скандалозно и забрането со закон. После оваа констатација, не можеме а да не заклучиме дека првиот вицепремиер на казината и игрите на среќа, според примерот на Гебелс, се претвора и во министер за Пропаганда, со намера да ја контролира и информативната политика на јавниот сервис, за кој плаќаат сите граѓани и кој треба да служи за правично и непристрасно јавно информирање.

Ова е и една од причините зошто Северна Македонија доби толку негативни оценки во последниот извештај на Европската комисија, што за нас е доказ повеќе дека оваа Влада не се грижи за европеизацијата на земјата, туку само за власт и придобивките од неа“, се вели во соопштението на Алтернатива.

                                                                                           Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ