петок, 18 октомври 2024

Алкараз преку Пол до полуфиналето на Олимписките игри

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако по голема борба во два сета го победи Томи Пол.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше два часа, Алкараз победи во два сета, но американскиот тенисер, Томи Пол му пружи голем отпор на фаворитот.

Во првиот сет Пол потфрли само во еден гејм, а тоа беше доволно за да го загуби сетот со 6-3.

Пол направи брејк предност во вториот сет, имаше водство од 5-3, но Алкараз успеа да се врати и да го однесе сетот во тај-брејк. Во тајбрејкот Пол имаше и сет топка која не успеа да ја искористи, Шпанецот ја погоди втората меч топка и го доби мечот. Резултатот во тајбрејкот беше 9-7.

Алкараз во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Каспер Руд и Оже-Алиасим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ