петок, 18 октомври 2024

Алкараз го победи Ѓоковиќ и го одбрани трофејот на Вимблдон

Карлос Алкараз експресно, во три сета го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон и втора година по ред го освојува овој грен-слем турнир.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот тениски ас покажа моќ, максимално ги искористи младоста и свежината и без поголеми проблеми го совлада Ѓоковиќ.

Алкараз особено беше доминантен во првите два сета кои ги доби со идентични 6-2 и 6-2.

Во третиот сет Ѓоковиќ заигра подобро, покажа знаци дека може да се врати, но не успеа докрај да го направи тоа. Се играше тајбрејк кој го доби Алкараз со 7-4 за победа од 3-0.

За Алкараз ова е четврта грен-слем титула, втора на Вимблдон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ