сабота, 26 октомври 2024

Алегри: Тажен сум за заминувањето на Мурињо, Италија загуби голем тренер

Тренерот на Јувентус, Масимо Алегри го прокоментира отказот на Жозе Мурињо од Рома.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера изутрина Рома му врачи отказ на Жозе Мурињо, се чини дека Португалецот заврши со Серија А, нема веќе да биде тренер во оваа лига.

Алегри и Мурињо отсекогаш имаат меѓусебна почит, во таа насока беше и изјавата на тренерот на Јуве.

„Тажен сум поради ова. Италијанскиот фудбал губи голем тренер. Видете што има направено тој во својата кариера, но и за Рома каде изврши исклучителна работа. Од надвор можеби се изгледа лесно, но внатре тој направи навистина голема работа, резултатите го покажуваат тоа“, вели Алегри.

„Тажен сум и поради односот кој го имавме. Му посакувам се најдобро во иднина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ