недела, 27 октомври 2024

Албанскиот остров на бункери и тунели кој зетот на Трамп сака да го претвори во луксузно одморалиште (ВИДЕО)

Полн со бункери и тунели и некогаш користен од страна на Советскиот Сојуз и комунистичка Албанија како воена база, најголемиот остров на Албанија, Сазан, во иднина би можел да стане луксузна туристичка дестинација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Некогашната голема воена база денес е главно напуштена. Островот од 40-тите години го контролирала албанската војска и илјадници војници живееле таму со семејствата до 90-тите години. Сазан бил мистерија за многу Албанци, додека островот не бил отворен за туристите во 2017, а во 2021 го привлекол вниманието на Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Како што соопшти албанската влада, пријавата на Кушнер за инвестиција на оваа локација е сè уште во почетна фаза во Агенцијата за развој на инвестиции на Албанија и уште не е јавна.

Оваа можна инвестиција, меѓутоа, предизвикува загриженост во смисла на штетата која може да ја нанесе на морето околу островот, бидејќи таа област е дел од заштитен морски национален парк во Албанија.

Островот Сазан, меѓутоа, не е единствениот интерес на Кушнер.

Веднаш карши островот се наоѓа областа Звернец. Оваа крајбрежна област како прилика за инвестирање ја спомна и самиот Кушнер. Деталите за проектот не се познати. Дури ни министерството за туризам на Албанија не потврди дека знае нешто за тоа. Меѓутоа, светските медиуми објавија дека компанијата Афинити на Кушнер планира таму да изгради илјадници хотелски соби и вили.

Крајбрежната област на Звернец е заштитена област во Албанија како природно богатство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ