петок, 18 октомври 2024
Стручно мислење од консултантот за мостот до неговото пуштање

Ако мостот Беласица е сериозно оштетен, санацијата ќе биде многу тешка, вели професорот Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Важно е сè и бетонот и затегната арматура, важна е арматурата за напрегање, но важен акцент треба да се стави на арматурата, станува збор за арматура со икслучително висок квалитет значи има 10 пати поголеми карактеристики од обичната мека арматура и со неа се аплицира, се внесува огромна сила на претходно напрегање која што ја гарантира напонската состојба во карактеристични пресеци. За илустрација јас сум заборавил колку изнесуваше точно таа сила, но може да биде до илјада тона.  Целта на вторите испитувања е да се види што се случило со бетонот. Имено бетонот при своето вградување има одредени механички карактеристики,  но поради пожарот доаѓа до таканаречена евапорација на водата заробена внатре во порите на бетонот и поради тоа бетонот ги губи тие механички карактеристики. Сега прашањето е колку од тие карактеристики се изгубени колку се задржани и што тоа ќе значи за конструкцијата. Второ кога е во прашање арматурата за претходно напрегање, таа е многу чувствителна на високи температури, веќе при температира над 100 степени Целзиусови доаѓа до релаксација на напрегањето на арматурата, штом ќе дојде до релаксација на напрегањето се смалува силата и тоа може да биде сериозен проблем“, вели професорот..  

За да може да се каже понатаму што да се прави со оваа конструкција со овој мост неопходно е да се имаат сите испитувања и од првата и од втората категорија како влезни податоци за секоја понатамошна анализа, додава Атанасовски и нагласува дек поинаков пристап би бил во доменот на шпекулации, зашто никој не може да каже што се случува точно во мостот без да се направат овие испитувања и да се направи елаборат.

м

„Сигурно не треба да се урне, потребно е како што реков да се направат сите потребни испитувања, да се утврди сегашната состојба на мостот, понатака во зависност од тоа што ќе се утврди треба да се преземат соодветни мерки. Јас посакувам и се надевам дека нема да се големи оштетувањата и дека и санацијата ќе биде реалативно лесна, тоа ќе биде така ако се задржиме само на оштетувањата од првата категорија. Доколку има оштетувања и од втората категорија тогаш ќе зависи многу од тоа колку време траел пожарот со кој интензитет бил и колкав бил степенот на оштетување како на бетонскиот пресек така и на арматурата за напрегање, кој дел од силата се изгубил, дали воопшто се изгубил, ако квалитет на бетонот е намален колку е намалаен и од тука натаму може да се размислува за решение. Посакувам да нема големи оштетувања и мостот да може за релативно кус рок да речам за некоку месеци да се пушти во употреба, но не може да се каже ништо се додека не се знаат и овие испитувања од втората категорија. Доколу се констатира дека има оштетување и на бетонот и на меката арматура и на затегнатата арматура, во тој случај е потребно да се ангажира специјализирана фирма да изработи елаборат за санација. Тој елаборат за санација е спицифичен и не би можел баш секој да ги изработи. Значи потребно е да се направи проект за санација, санацијата ќе треба да се работи внатре во сандакот – мостот е шуплив тоа е празен сандаквнатре и веројатно ќе треба да се работи внатре, тоа се тешки услови за работа. Санацијата ќе биде многу тешка и ќе трае доста подолго, зависи што ќе се одреди, но во секој случај треба да се изготви проект за санација тој да се ревидира после тоа е потребно да се избере изведувач и тоа не може секој да го направи, пак ќе треба специјализирана фирма која што има специјална опрема за таа работа. Понатака ќе треба да се именува надзорен орган и откако ќе се заврши таа санација потребно е да се направи испитување со пробно товарење, со подвижен товар да се види како се однесува сега санираниот објект, ако се биде како што треба се заврши операцијата онака како што е предвидена со проектот во тој случај мостот не би требало да има смалена сигурност, значи би требало да се врати во првобитната положба и да биде сосема сигурен за употреба“, вели професорот.

Ако се констатира дека оштетувањата во арматурата посебно во арматурата за претходно оптегање, па и во бетонот, се многу големи, во тој случај ќе се бараат други решенија, истакна професорот Атанасовски..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ