сабота, 20 јули 2024

Акционерите на Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

Објавено на

часот

Сподели

Акционерите го усвоија предлогот на Управниот и на Надзорниот одбор за исплата на дивиденди да одвојат 56,8 милиони евра или 2,5 евра бруто по акција, што изнесува нешто повеќе од 50% од нето добивката на групацијата Триглав за 2022-ра година и претставува дивиденден принос од 7%. Дивидендата ќе им биде исплатена на акционерите, кои ќе бидат регистрирани во книгата на акционери на друштвото во вторник, 20 јуни (првиот ден на тргувањето без право на исплата на дивиденди е понеделник, 19 јуни).

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на заваровалница Триглав, изјави: „Им благодарам на акционерите за нивната доверба. Што се однесува до исплатата на дивиденди, задоволни сме што по годините обележани со последиците од пандемијата, повторно можеме да ја спроведеме дивидендната политика на начинот на кој што ја зацртавме. Ова значи дека нејзиното спроведување е одржливо во поглед на растот, развојот и финансиската стабилност на групацијата Триглав, и воедно е атрактивна за нашите акционери.“

Тим Умбергер и Моника Крамер Манхем беа назначени за нови членови на Надзорниот одбор, претставници на акционерите.

На Годишното собрание на акционери беше одобрен извештајот за надоместоци на заваровалница Триглав за 2022-ра година, додека, пак, предлог одлуката за политиката за надоместоци на заваровалница Триглав не беше усвоена. Политиката за надоместоци се применува и е во согласност со законските регулативи, но не е целосно усогласена со овогодинешната верзија на препораките на акционерите на SDH, објавени по свикувањето на годишното собрание на акционери на заваровалница Триглав. Препораките ќе бидат разгледани до следното редовно Собрание на акционерите на Триглав. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ