вторник, 26 ноември 2024

Ахмети му се пожали и на евроамбасадорот Рокас за „етничкиот легитимимитет“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретнал со евроамбасадорот во Македонија, Михалис Рокас.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од ДУИ, Ахмети и Рокас, разговарале за сите политички прашања во земјава, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во  Македонија.

Како што се наведува, Ахмети го информирал амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.

„ За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус“ изјавил Ахмети.

Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсетил дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се, како што се наведува, „многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност“.

„Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор. Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија“, се вели во соопштението.

Ахмети и на средбата со евроамбасадорот Рокас повторил дека „решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ