Бленди Февзиу, новинарот на ТВ Клан Албанија го праша Ахмети: „Кога ќе биде прогласен премиер Албанец“? Ахмети кусо одговори дека тоа ќе се случи на 28 јануари.
„Кој ќе биде премиерот?“, праша водителот.
„Талат Џафери“, одговори Ахмети.
„Командант Талат Џафери?“, потпраша водителот.
„Командант Џафери“, одговори Ахмети.
На прашањето од новинарот дали тоа значи дека Македонија ќе постави за премиер командант на ОВК (УЧК), Ахмети рече:
„ОВК во 2001 година потпиша договор со НАТО за демобилизација. Униформата на ОВК останува споменик на историската меморија, неа ја има секој војник, со моќна гаранција дека нема да биде злоупотребена“.
„Значи Талат ќе биде како споменик на актуелноста?“, заклучи во потпрашањето новоинарот, а Ахмети додаде дека на 28 јануари Џафери ќе биде изгласан да ја води Владата до изборите.