„Не ни се потребни повеќе од две политички партии, третата е штетна. Сега знае срам да ме фати кога гледам како седат шест мина или седум Албанци, а од другата страна само двајца Македонци. Дел од Албанците продолжуваат со резонот дека ние сме голем народ, голем како да сме Кинези. Но, колку сме поорганизирани, толку поважни стануваат мандатите. Мандатот те прави важен, но и неважен, ние Албанците мора да ги направиме важни“, рече првиот човек на ДУИ, Али Ахмети во својот говор на средбте со партиски структури, активисти и граѓани на Чаир во Скопје.
На истите средби потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи рече дека практично од ДУИ се произлезени 13 мали, маалски партии на Албанците и дека ВМРО-ДПМНЕ сета своја енергија пред изборите ја насочува кон ДУИ, а не кон СДСМ.
Од првата лига нема да не исфрлат, рече Османи.