вторник, 26 ноември 2024
Празнична честитка од лидерот на ДУИ

Ахмети: Да работиме заедно за подобро образование и почитување на идентитетскте вредности

Лидерот на ДУИ упати честитка по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј и посака „да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности“.

Објавено на

часот

Сподели

„Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење.

Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај – денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности“, вели Ахмети во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ