сабота, 26 октомври 2024

Агресивниот полицаец бил обезбедување во ВМРО-ДПМНЕ, но не бил шеф. Ќе биде отстранет од работа

Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека станувало збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.

„По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата. Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ