среда, 20 ноември 2024
Реакција

Агенцијата за одземен имот смета дека нема ништо спорно со подареното возило за џамијата во Арачиново

Објавено на

часот

Сподели

Откако сум на функција како директор во Агенцијата, имам одговарано на секое барање доставено до нашата институција, меѓу кои беше и барањето од страна на џамијата во Арачиново, вели во писмената реакција директорот Дритон Небиу.

„Како што е веќе познато на јавноста, Агенцијата согласно законот бесплатно отстапува  одземени предмети на други државни органи и надлежни институции преку кои отстапените средства се донираат за потребите на оние кои доставуваат барања.

Така е и во овој случај, Агенцијата согласно законот, на нивно барање изготви предлог кој ќе биде проследен до управниот одбор и Владата на РСМ за добивање согласност, за која што верувам дека ќе биде позитивна, со оглед на тоа што верските џамии или цркви се институции од општествен карактер, чија намена е за граѓаните, споделувањето и ширењето на мир и спокој во општеството. Ние секогаш стоиме во интерес и за доброто на граѓаните, надлежната дејност која Агенцијата за управување со одземен имот ја врши во поглед на социјалната реупотреба и бесплатно отстапување на одземени добра за општествени цели во кој ќе биде вклучен граѓанскиот сектор ќе биде и понатаму примарен приоритет во работењето“, се вели во реакцијата на Небиу.

Пред неколку дена Небиу на својот службен профил објави дека го одобрил и барањето за Општина Арачиново за отстапување на трактор со приколица „со цел да се олесни одржувањето на околината на општината. Јас како директор на Агенцијата секогаш ќе се залагам добрата да бидат отстапени на местата каде што е најпотребно. Секогаш во слуга на граѓаните и државата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ