вторник, 22 октомври 2024

Агенцијата за иселеништво доби донација од 3.000 книги за училиштата по македонски јазик во странство

Повеќе од 3.000 книги и стручна литература како донација за училиштата по македонски јазик во странство биле донирани денеска во Агенцијата за иселеништво од скопјанката Татјана Гогоска, ќерка на поранешната самостојна педагошка советничка и професор по дидактика и педагогија, Ленка Гогоска.

Објавено на

часот

Сподели

Татјана Гогоска на претходно остварена средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, информирала дека нејзината мајка  создала  богата литература чии примероци сакала да ги донира на училиштата, здруженијата и други организирани форми кои дејствуваат во насока на чување и негување на македонскиот јазик во иселеништво.

„Директорот Близнаковски за овој хуман подвиг на г-ѓа Татјана Гогоска и врачи  благодарница, а за нејзината мајка, м-р Ленка Гогоска, постхумно додели плакета за донација на македонска литература наменета за иселеништво“, соопшти Агенцијата за иселеништво.

Агенцијата ги информирала иселеничките организации и училиштата по македонски јазик за донацијата и, како што соопшти, тие покажале голем интерес овој вид стручна литература да го збогати нивниот библиотечен фонд, како и да им биде од полза на наставниците кои ја водат наставата по македонски јазик во странство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ