понеделник, 18 ноември 2024

Агелер: САД одблизу го следи процесот, ова не е прв ниту последен Закон за амнестија

Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и амбасадата е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.

Објавено на

часот

Сподели

Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар преку програма на УСАИД, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.

„Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат“, рече Агелер.

Кабинетот на претседателот на Парламентот вчера информира дека законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка. 

Премиерот Димитар Ковачевски вчера беше дециден дека законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“.

Претходно министерот за правда, Кренар Лога на средба со новинарите изјави дека во јавноста преовладува мислење дека предлог-законот за амнестија не е нов туку тоа е истиот закон што беше донесен во 2018 година, а предлагачи беа сите политички партии.

„Во овој предлог-закон сега се додадени неколку кривични дела кои нема да бидат опфатени со амнестијата“, изјави министерот за правда Кренар Лога на средбата со новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ