недела, 20 октомври 2024

Аеродром блесна во новогодишно руво, соопшти Муцунски

Општина Аеродром соопшти дека го заврши со украсувањето за новогодишните празници, спроведено со сопствени средства.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите поголеми паркови и поважните места, локации кои се во надлежност на општината се украсени со новогодишни светилки и празнични декорации. Да ги направиме празниците поубави и да уживаме во новогодишната магија и во Аеродром“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук-страница.

По минатогодишната пауза поради енергетската криза, како што наглсува, оваа година празничната атмосфера повторно се доближува до граѓаните.

„Празничната атмосфера ја доближуваме до граѓаните и внесуваме дополнителна радост и позитивна енергија во секојдневното живеење, пишува Муцунски,  кој воедно ги кани граѓаните на новогодишниот настан за храна, вино и вода што ќе одржи од 25 до 27 декември во паркот „Авион“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ