недела, 27 октомври 2024

Адвокатот на Асанж: Здравјето на Џулијан е нарушено, затворен е повеќе од десет години

Соединетите Американски Држави тешко ќе ги обезбедат гаранциите кои судот во Лондон ги побара за екстрадиција на Џулијан Асанж, кажа адвокатот на австралискиот новинар Карлос Поведа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Исклучително тешко ќе биде да дадат гаранции дека нема да има смртна казна бидејќи тоа очигледно зависи од американскиот правосуден систем ако Асанж биде екстрадиран“, истакна Поведа.

На прашањето за здравствената состојба на својот клиент, адвокатот кажа дека здравјето на Асанж е нарушено од неговото долго затворање во британскиот затвор.

„Тој страда, затворен е веќе повеќе до десет години, и покрај тоа што беше во прибежиште (амбасадата на Еквадор во Лондон). Тој е во најстрого чуван затвор без можност да има привилегии како други затвореници. Тоа е тежок товар за неговата емоционална стабилност, психичкото и физичкото здравје“, истакна Победа.

Одлуката на судот во Лондон ја оцени како многу позитивна кажувајќи дека тоа е големо олеснување за светското новинарство. Освен што е правна победа, тоа е победа за целото светско движење кое го поддржува Асанж, додаде адвокатот, истакнувајќи дека ова не е поединечно прашање, туку нешто што се однесува на целото новинарство кое се бори за вистината и човековите права.

Вишиот суд во Лондон одлучи вчера дека основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да вложи жалба против екстрадиција во САД, како и дека американските власти имаат три недели да достават одговор пред судиите да донесат одлука за жалбата на австралискиот новинар на екстрадиција во САД.

Лондонскиот суд, меѓу другото, бара од САД да дадат гаранции дека на Асанж нема да му биде изречена смртна казна, како и дека ќе му биде овозможена слобода на говор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ