Според партијата, оваа изјава само докажува дека Мицкоски е продолжение на Груевски и на Јанкуловска, кои во минатото Албанците ги нарекуваа Индијанци.
„Ваквите најави се за осуда, неприфатливи и неостварливи, само доколку не им помогнат сателити кои говорат албански. Сега кога се јасни позициите на македонската опозиција, јавно ја прашуваме албанската опозиција и нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари, дали уште мислат дека ВМРО и Мицкоски се реформирани и дали уште се надеваат дека и по поразот на изборите ќе влезат во Владата како ‘багра’ на ВМРО. Бараме од Таравари и другите мали опозициски партии да се оградат од ВМРО и коалицијата анти Западот и јавно да ги осудат ваквите изјави“, се вели во соопштението.