петок, 25 октомври 2024
Нападот на нацистичка Германија врз СССР

82 години од Операцијата Барбароса: Колку инвазијата на Југославија влијаела на нејзиниот неуспех?

Објавено на

часот

Сподели

Инвазијата на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз на крај беше неуспешна, а прашањето што се провлекува низ маргините на историјата – колку нападот врз Југославија влијаел на поразот на нацистите во СССР – е предмет на дебата со децении.

Предвоената состојба во Југославија

По смртта на кралот Александар, веќе нестабилната држава западнала во уште подлабока криза. Идејата за интегрално југословенство не била широко прифатена, а кога нејзиниот главен застапник починал, нејзината популарност драстично опаднала.

Заедно со добро познатите внатрешни конфликти, Хитлеровата анексија на дел од Чехословачка означила уште еден проблем за кревката јужнословенска држава. Судетите биле населени со етнички Германци, каде што случајно се наоѓала и чехословачката воена индустрија, која била главен снабдувач на југословенската војска.

Останата без примарниот извор на оружје, Владата на Милан Стојадиновиќ се свртела кон Германија, сметајќи ја за помалото од двете зла (комунизмот, на крајот на краиштата, бил главниот непријател на монархијата).

Пристапувањето кон Тројниот пакт, пучот и гневот на Хитлер

Падот на Франција во 1940 година бил голем шок за Југославија, а потпишувањето на Тројниот пакт и последователното пристапување на Унгарија, Романија и Бугарија во него најавувале лоши вести.

Опкружена од силите на оската и под огромен притисок од нацистичката чизма (Хитлер на 4 март четири часа му држел лекција на принцот-регент Павле), Југославија решила да го „зачува мирот“ и да пристапи кон Тројниот пакт.

Тоа не му се допаднало на народот, кој излегол на улица и демонстрирал против одлуката на Владата Цветковиќ-Мачек, што набргу резултирало со воен удар, соборување на Владата и на принцот Павле и поставување на малолетниот Петар II Караѓорѓевиќ за крал.

Кога слушнал за пучот, Хитлер, според мемоарите на водечките германски генерали, комплетно полудел и тргнал во неколкучасовна тирада, во која, меѓу другото, рекол дека од Белград нема да остане ни еден камен.

Алфред Јодл, командантот на германските оперативни сили, поминал цела ноќ смислувајќи план за инвазија.

Априлската војна, падот на Југославија и одложувањето на „Барбароса“

Неподготвената и слабо опремена југословенска војска не можела да му пружи посилен отпор на моќниот Вермахт, а веќе на 18 април војната завршила кога 28-те дивизии (што успеале да се мобилизираат) им се предале на Германците.

Набргу по Југославија, паднала и Грција, со што била уништена можноста за британска инвазија на Крит и за бомбардирање на романските нафтени полиња.

Со обезбедена заднина, Хитлер сега можел да се фокусира на СССР.

Според првичните планови, сите подготовки за нападот требало да завршат до 15 мај, што е пет недели порано во однос на 22 јуни, датумот кога се случил нападот.

Дали инвазијата на Југославија навистина ја одложила „Барбароса“ за пет недели?

д

Историски полемики

Вилијам Шајрер, автор на познатата книга „Подемот и падот на Третиот рајх“, вели:

„Одложувањето на нападот врз СССР за да може Хитлер да изврши ‘лична одмазда’ на една мала балканска држава што се осмелила да му се спротивстави е можеби најлошата одлука во неговата кариера. Тој отфрлил златна шанса да победи во војната и сонот на Третиот Рајх да го претвори во реалност“.

Сепак, Франц Халдер, началникот на штабот на германската врховна команда, во своите мемоари напиша дека немал никаков проблем со инвазијата на Југославија и дека таа ја одложила „Барбароса“ за „најмногу седум дена“.

Во прилог на ова се извештаите на Вермахтот од мај 1941 година, во кои времето е опишано како „неповолно“ и затоа почетокот на инвазијата бил одложен за 15 јуни.

Шејрер во својата книга пишува дека „во студените декемвриски денови, кога беа блиску до Москва, додека суровата руска зима земала жртви, германските генерали сакаа да го вратат времето назад и порано да ја почнат инвазијата“.

Вистината е дека балканската кампања била неопходна затоа што Хитлер не можел да дозволи да почне со „Барбароса“ додека Југославија не биде под негова контрола и дека пишувањата на Шајрер се засновале на изјавите на Хитлер кон крајот на војната, кога поразот бил неизбежен.

Тогаш веќе скршениот „водач“ со носталгија се присетувал на пролетните денови 1941 година и целата вина ја префрлал на Југославија.

Иако не ја одложила „Барбароса“ за „повеќе од седум дена“, Југославија одиграла важна улога на европското боиште.

Движењето на отпорот ангажирало голем број германски дивизии, меѓу кои и елитните, на релативно мала територија.

Недостигот од луѓе, борбата на два големи фронта, неможноста за снабдување со нафта и загубата на моторизирани единици била комбинација што го распрснала на парчиња сонот за „најголемата германска империја“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ