петок, 22 ноември 2024

80 години од националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“

Утре со почеток во 12 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје ќе биде свечено одбележан јубилејот – 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година.

Објавено на

часот

Сподели

Oбраќања по повод јубилејот на оваа врвна институција од областа на библиотекарството ќе имаат в.д. директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски, државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Прославата ќе биде збогатена со настап на националниот ансамбл „Танец“, со изведба на неколку музичко-фолклорни композиции од машка и од женска пејачка група со придружба на дел од оркестарот на традиционални инструменти.
НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе додели благодарници на Министерството за култура и туризам, на националниот фолклорен ансамбл „Танец“ и на соработници на библиотеката, а постхумно ќе биде доделена благодарница за првиот директор Георги Шоптрајанов што ќе ја прими претставник од семејството.
На одбележувањето премиерно ќе биде прикажана видео презентација на која е претставен историјатот и развојниот пат на библиотеката, а исто така ќе биде отворена и изложба на оригинални документи, копии верни на оригиналите и други материјали поврзани со историјатот на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ