понеделник, 21 октомври 2024

44-годишен маж почина возејќи автомобил, му се слошило зад волан

Четириесет и четиригодишен гостиварец починал ноќеска откако му се слошило и со своето возило удрил во паркиран автомобил.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица Лазар Лазаревски, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило форд со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило, по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило нисан со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар. Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт“, информираат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ