сабота, 19 октомври 2024
По пресудата на Апелацискиот суд

4 години за кубење коса, а 8 години затвор за убиство

Објавено на

часот

Сподели

Откако ги „покоси“ 11-годишната Магдалена Иванова и нејзината мајка на пешачки премин во Велес, Николов побегна и неколку дена се криеше од полицијата. Освен тоа кога го возел „мерцедесот“ Николов имал забрана за управување со возило.

Оваа пресуда ја донесе апелацискиот Совет во состав – м-р Ѓоко Ристов, претседател на советот, м-р Лирие Елези Ајрулау, Лидија Зимбовска, Енвер Беџети и Енвер Амзаи, членови на советот, со записничар Емилија Петрушевска, судски советник, во кривичниот предмет.

Во образложено на 11 страни, судечкиот совет на апелација заклучил дека велешкиот суд недоволно ги ценел олеснителните околности, а тоа се: неосудуван, признал вина, изразил каење, ветил дека нема да се повтори и дека е неженет и без оформено потесно семејство.

Наспроти ова стојат фактите дека Ангелчо Николов предизвикал сообраќајка во која усмрти дете, тешко ја повреди и мајката, возеше пијан со брзина поголема од дозволената, Магдалена и нејзината мајка беше прегазена на пешачки премин, избега, не застана да укаже помош и беше во бегство три дена.

Жестока е и реакцијата на адвокатот Јанаки Митровски, кој го застапуваше семејството на малата Магдалена од Велес. Тој вели дека оваа последна судска одлука е шок и сол на рана за ужаленото семејство.

„Не знам како да реагирам на намалената казна за Ангел Николов од 18 на 8 години. И двете казни се во рамки на предвидената казна (е ај да не бидат), но пресудата е шок за семејството и сол на рана.

Образложението е релативно оскудно, Апелација се држи на тоа дека е неосудуван, признал вина и ја забрзал постапката, изразил каење и ветил дека нема да се повтори.

Судот е должен да цени признание на вина, но каење е предмет на проценка. На очиглед на сите, иако вербално искажано, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција. Неговото ветување дека нема да го повтори делото, пак, малку што му значи на семејството. Лесна ѝ земја на Магдалена. Пред некој ден загина млад човек чекајќи на пешачки и остави бебе сирак зад него. Сообраќајната култура во Македонија е на нула, возачки се земаат на жими мајка, а државата игра улога исклучиво на пенализатор, никако на едукатор и затоа сме каде сме. Господ нека ни е на помош, напшиша револтирано адвокатот Јанаки Митровски на својот фејсбукпрофил.

                                                                                                                                                               А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ