Од санкционираните 377 возачи, 21 возел со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 185 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.