Во владиното соопштение се вели дека изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид е приоритет.
Владата ги овласти Кабинетот на заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, да почнат преговори со изведувачот за склучување анекс на договор за продолжување на рокот за изведба, со искористување на веќе обезбедените финансиски средства за доизградба на автопатот Кичево – Охрид. Истовремено, изведбата на делницата, ќе продолжи во континуитет да се реализира.
Одлуката е донесена по Информацијата од Јавното претпријатие за државни патишта, базирана на доставени наоди од главен надзор и надзор на тунел, дека поради реални причини, има потреба од продолжување на крајниот рок 31 декември 2023 година, за изведба на градежните работи на овој автопат, а при тоа земајќи го предвид фактот за досега реализираниот висок степен на физички извршените работи и решени отворени прашања.
Првичниот проект за автопатот Кичево – Охрид, како што е оценето, беше со бројни пропусти во проектирањето, но со фокус на Владата и надлежните институции кон важноста на делницата, во голем дел тие се надминати и како што е оценето, во континуитет се создаваат услови за негово завршување“, соопшти Владата.
Влада: Нов анекс за завршување на автопатот Кичево-Охрид, за рокот допрва ќе се преговара
Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид и одлучено е да се потпише нов анекс на договорот чиј краен рок беше 31 декември 2023. За новиот рок допрва ќе се преговара.
Објавено на
часот