недела, 27 октомври 2024
Приведен прилепчанец кој имал 7.480 парчиња пиротехнички средства

Приведен прилепчанец кој има 7.480 парчиња пиротехника

Во возилото на прилепчанец полицијата пронајде 7.480 петарди и разни пиротехнички средства.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на ул.Прилепски бранители во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило марка голф управувано од А.Б (47) од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7.480 парчиња пиротехнички средства.

Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ