четврток, 31 октомври 2024

303 казни за брзо возење, 40 во Скопје, казнети и 235 мотоциклисти

Објавено на

часот

Сподели

Од брзите возачи 15 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а тројца со над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

Во Скопје покрај 40 казни за брзо возење казнети се уште 149 лица за сообраќајни прекршоци меѓу кои 10  за возење без возачка дозвола, 12 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, изречени се 21 санкција за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за поминување на црвено светло, четири мерки за некористење на сигурносен појас, како и казни за други прекршоци.

Во акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, казнети се 235 возачи. Од нив, 140 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 48 возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Само на територијата на СВР Битола казнети се 34 мотоциклисти, од нив, 19 не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возеле без возачка дозвола, а три моторцикли биле нерегистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ