сабота, 26 октомври 2024

29 лица возеле без дозвола, вонреден технички преглед за 22 возила

За четири часа во акциска сообраќајна контрола низ Македонија, сообраќајната полиција изрече 352 казни, при што биле отркиени 29 лица кои бесправно возеле, а 22 возила биле испратени на вонреден технички преглед, кај девет била утврдена неисправност.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, контролата била спроведена во периодот од 10 до 16 часот. Казнети биле и 66 возачи не користеле сигурносен појас, а 47 користеле мобилен телефон при возењето.

Во Скопје се изречени 190 мерки, меѓу кои 13 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за поминување на црвено светло на затворен семафор, 12 мерки за користење на мобилен телефон, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ