недела, 27 октомври 2024

2 илјади брендирани парчиња од Турција за БиХ запленети во Македонија

Речиси 2 илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на Луј Витон, Диор, Монклер, Гучи, Версаче, Барбери, Мајкл Корс и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. Пратката била од Турција и требало да се транспортира до Босна и Херцеговина. Согласно направената процена, доколку овие производи се продаваат како оригинали, на пазарот нивната вкупна вредност би била 19,9 милиони денари.

Објавено на

часот

Сподели

Контролата е спроведена по преглед на документацијата и сомневање во изјавата на возачот, при што во камионот се откриени 1.907 парчиња облека, обувки и чанти, сите со потпис на познати модни брендови.

н

Против превозникот е поднесена пријава за повреда на право од интелектуална сопственост, а производите се запленети, соопшти Царинската управа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ