вторник, 19 ноември 2024

19 Ноември – „Непокорот е слобода-80 години слободно Тетово“

Денот на ослободувањето во Втората светска војна на Тетово – 19 Ноември и осум деценискиот јубилеј се одбележа синоќа со свеченост под слоганот „Непокорот е слобода-80 години Слободно Тетово“.  Манифестацијата ја организираше општинската организација на Сојузот на борци Тетово од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, на која трета година по ред се доделија и востановените признанија 19 Ноември за животно дело, како и за особен придонес во одредена област.

Објавено на

часот

Сподели

Признание 19 Ноември за животно дело во повеќе области добија шест личности. За општествен развој постхумно на поранешниот градоначалник на Тетово, Кочо Тулевски (1921-1995), а за медицина и здравствена заштита постхумно на примариус д-р Драган Филиповиќ.

Потоа признанија 19 Ноември за животно дело во областа на спортот доби Крсте Серафимовски, за театарска уметност Ладомир Савески, за култура Владимир Кочовски, за музичка уметност Ибуш Ибраимовски.

Одборот за оддавање на признанијата се одлучи годинава врвни признанија да додели на Драги Неделчески за достигнувања во фотографска уметност, на ресторан Бела Миа за особен придонес за градско живеење, за актерите во претставата „Момчето со пругасти пижами“ на драмското студиот Летечка театраска трупа за особено достигнување во театарската игра, на планинарски клуб Љуботен за трајни вредности и за позитивен пример преку формирање на патеката за чест на учителот на учениците од ОУ „Братсво Миѓени“- Спортски центар, под раководство на помошник директор Даниела Апостоловска.

„Тетово даде три партизански одреди и два народни херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Симовски-Амбарче кои се втемелени во историјата на нашиот град. Затоа ние продолжувачите на нивните дела вечно ќе се сеќаваме и ќе ги славиме. Да ги спомнеме вечерва, да си спомнеме, за една света чета, четата на бесмртните кои почиваат на нашите градски гробишта. Слава им и фала им. Одбележувањето и чествувањето на овој светол датум на нашиот град Тетово како и други значајни датуми и државни празници се законска, цивилизациска, а пред се морална обврска и долг кон борците на Народно-ослободителната армија на Македонија, на нас продолжувачите на нивните дела, надградувјќи ги, чувајќи ги спомените и спомен обележјата за идните генерации за заедничкиот живот за сите во овој град“, истакна во пригодното обраќање Лилјана Симовска, претседателка на ОО на Сојуз на борци и граѓани продолжувачи.

Дел од свеченоста беа музичко – сценски настапи на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, голем број тетовски музичари, хоровите Менада и Лале и актерите од драмското студио Летечка театаска трупа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ