Од возилата „фатени“ на радар, 11 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 74 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.
Од МВР апелираат да не се надминува дозволената брзина и возилата да се управуваат согласно условите на патот. МВР предупредува дека продолжува со акциските контроли во сообраќајот.