Тогаш загинале 13 пилоти и членови на екипаж. Поточно, тројца воздухопловци загинале во соборените хеликоптери и десет члена на екипажот на Иљушин Ил-22, вели српска Политика.
Според типовите на леталата, соборени се еден хеликоптер Ми-35, еден Ка-52, три хеликоптери Ми-8 за електронски операции, еден транспортен Ми-8 и авион Ил-22, кој служел како команден центар.
Сите летала биле соборени покрај автопатот што води од Ростов-на-Дон до Вороњеж и понатаму кон Москва. Во тој правец се движеше конвојот со членови на групата Вагнер што се упати кон главниот град на Русија. Како што се дознава, вели Политика, до соборените авиони не биле испратени никакви предупредувања пред да се отвори оган.
За време на бунтот, во размена на оган со припадници на редовните вооружени сили на Русија биле убиени двајца припадници на групата Вагнер.