недела, 20 октомври 2024

15 илјади тони пченица за стоковите резерви ќе бидат купени од македонските производители

Агенцијата за стокови резерви ќе набави 15 илјади тони пченица исклучиво од македонско производство, нема да бидат од увозен карактер, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски по одржаната средба со претставници од здруженија на земјоделци и откупувачи на жито.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот информира дека ќе го продолжат рокот на мерката за складирање на пченица и јачмен со цел сите сите земјоделци кои не ќе можат или нема да сакаат да ја предадат пченицата, да им се овозможи да ја складираат и овој трошок ќе го покрие државата.

„Ќе го следиме процесот на жетва и на откуп на лебното жито. Ситуацијата во моментов која што ја наследува Министерството е релативно тешка, меѓутоа она што е многу битно, а тоа е по завршување на оваа жетва ќе работиме на структурни промени со цел идната реколта 2025 година да немаме вакви проблеми и секоја година во текот на жетвата се решаваат ситуациите и се дефинираат цените. Тоа значи структурни реформи со кои на пиедестал ќе бидат земени земјоделците“, рече Трипуновски.

Претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска нагласи дека како организација ќе лобираат во иднина да се почитува договореното производство, односно Законот за земјоделство и рурален развој. Таа потенцира дека ќе ја следат целата ситуација при откупот на пченица и согласно анализите од нивните членови ќе донесат препораки во иднина како да се делува стратешки за да се зачуваат пченицата и јачменот кои ни се неопходни.

„Сите знаеме дека Македонија може да произведува храна и ние тоа треба да го направиме за сите култури, а особено за лебот. Ќе се залагаме за навремена исплата на субвенциите, ќе лобираме заедно со откупувачите за повисоки цени не само за пченицата, туку и за сите земјоделски култури“, рече Мојсовска.

Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора рече дека тие како групација откупуваат по пазарни цени и соопшти дека максималната цена на пченицата во моментот што е понудена на пазарот изнесува околу 12 денари. Тој рече дека дека го поддржуваат Министерството во напорите за заштита на земјоделците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ