Новак Ѓоковиќ по 12. пат ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос откако денеска го помина Карин Хачанов кој одлично го почна мечот, но потоа работите си дојдоа на свое.
Хачанов го доби првиот сет со 6-4, но работите подоцна се сменија во очекуваната насока. Во вториот сет се играше тајбрејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-0.
Следните два сета Ѓоковиќ ги доби со 6-2 и 6-4 и дојде до победа од 3-1 и пласман полуфиналето.
Таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Стефанос Циципас.