недела, 20 октомври 2024

11 мигранти беа сокриени во автомобил ауди

Објавено на

часот

Сподели

„Полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Михајлово при регионалниот центар Југ вчера во 8.15 часот кај Железничката станица Неготино, го лишиле од слобода А.Г.(39) од Богданци.

При преглед во патничкото возило ауди, кое го управувал со регистарски таблички од друго возило пронајдени се 11 лица мигранти од Сирија, од кои четири малолетници.

Претходно, тој бил забележан на регионален пат Демир Капија-Неготино, кај селотоТремник, но не застанал со возилото на даден знак од полициски службеник и се обидел да побегне, но набргу фил фатен и лишен од слобода. А.Г. бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар“, соопштија од МВР и најавија дека во координација со јавен обвинител, против криумчарот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

                                                                                                                              Фото: Илустрација

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ