петок, 18 октомври 2024

10 години партнерство на Виталиа и Танц фест: Градиме култура на здраво живеење 

Објавено на

часот

Сподели

И оваа година фестивалот е поддржан од македонската компанија за здрава храна Виталиа, која е  партнер на Танц Фест веќе цела деценија. Овој вид на соработка е од суштинско значење за развојот  и одржливоста на локалната уметничка сцена и представува позитивен пример за поддршката на заедницата. 

„Танцувајќи создаваме иднина“ – ова моќно мото на овогодинешниот Танц фест ја истакнува трансформативната природа на танцот и неговата способност да донесе позитивни промени. 

Преку танцот, можеме да ги срушиме бариерите, да ги предизвикуваме стереотипите и да создадеме нови начини на гледање и разбирање на светот.  

„Додека се движиме низ светот кој постојано се менува и носи предизвици, поважно е од кога било да се поддржуваат и промовираат културни настани како што е Танц Фест Скопје. Преку моќта на танцот и уметничкото изразување, можеме да најдеме заеднички јазик, да создадеме поповрзан и позначаен свет и да градиме култура на здраво живеење“, вели Искра Ветаџокоска-Муцунска, косопственик и менаџер на Виталиа, која ја препознава важноста за поддршка и унапредување на уметноста и културата. 

Фестивалот го отвори холандското танцово друштво Кодартс, со изведба на претставата „Таленти во движење“ во Македонскиот народен театар.  А потоа, во текот на целиот месец на повеќе локации од главниот град ќе се претстават 19 кореографи од Македонија, како и од Холандија, САД, Полска, Чешка, Израел, Италија, Шпанија, Кина и други.  

Танц фест Скопје за првпат се одржа во 2005 година, како реализација на визионерската идеја на  кореографката Рисима Рисимкин да создаде фестивал кој чија мисија е да го промовира танцот како форма на уметност, но и да создаде силна врска на уметници од различни земји и култури, и да им овозможи да работат заедно. Во текот на изминатите 18 години, Танц фест Скопје стана значаен културен настан, обезбедувајќи платформа за реномирани уметници да ги покажат своитеталенти и да ја инспирираат публиката со моќта на танцот.  

Билетите за сите настани се продаваат на билетарите на театрите каде се одржува програмата, во  МНТ, МКЦ и НОБ. 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ