вторник, 18 јуни 2024

Забави со познати домашни џез музичари во гурманската авенија на Дајмонд мол

Со серија интересни настани и случувања кои ќе бидат организирани во следниот период, Дајмонд мол (Diamond Mall) продолжува да креира дополнителна вредност и нови можности за уживање и забава за посетителите.

Објавено на

часот

Сподели

Едни од тие активности се и џез-забавите што ќе се одржуваат во Гурманската авенија (Gourmet Avenue) на Дајмонд мол. Во уникатниот амбиент на овој простор, што функционира како екстензија на Дајмонд мол и во кој се сместени неколку ресторани, кафулиња и барови, ќе настапат познати џез музичари од нашата земја.

Овие настани започнуваат на 14 јуни со проектот „Пијан славеј” на дел од членовите на групата „Фолтин“, a продолжуваат на 28 јуни со Тони Китановски и на 5 јули со групата Џипси џез (Gipsy Jazz), со почеток во 21 часот. За одличната атмосфера која се очекува на овие настани, покрај квалитетната музика, посетителите можат да очекуваат и посебна, збогатена понуда на храна, мезе и пијалаци.

Со организацијата на ваков вид настани, Дајмонд мол останува доследен на својата определба, која произлегува од оригиналниот концепт на молот, постојано да нуди врвно искуство и уникатно доживување за сите, преку комбинацијата на можности за одличен шопинг, гастрономско уживање и забава.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ