Вучиќ во изборниот штаб на СНС кажа дека партијата никаде во Србија не добила помалку гласови од изборите пред една година, туку 10 отсто повеќе отколку во 2022. Тој кажа дека, според резултатите на СНС, втора по бројот на освоени гласови е листата на опозициската коалиција „Србија против насилството“ со 28 до 29 отсто од гласовите. Според Ипсос, тоа се 66 мандати во парламентот.
Листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да сопре“ на изборите за собранието на град Белград освоила 38,5 отсто од гласовите, а второпласирана е листата „Србија против насилството“ со 35 отсто поддршка од гласачите. Со шест отсто гласови следи конзервативната коалиција НАДА, 5,4 отсто ќе има Социјалистичката партија на Србија на шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, а околу 5,1 листата на лекарот Бранимир Несторовиќ.
Ова се насловните страници на српските таблоиди ден по изборите: