четврток, 22 мај 2025

Северна Кореја претстави нов џиновски воен брод (ФОТО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на церемонијата на спуштање во вода на „новиот повеќенаменски разурнувач“, јави државната новинска агенција КЦНА. Воениот брод од 5.000 тони е опремен со „најмоќно оружје“ и е изграден „во рок од 400 дена со сопствени сили и технологија“, изјави Јо Чун Рјонг, секретарот на владејачката Работничка партија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ким во својот говор кажа дека воениот брод ќе ѝ биде предаден на морнарицата и ќе влезе во служба на почетокот на следната година. Спуштањето во вода се одржало вчера во военото бродоградилиште Намфо и означува нова ера „на голема изградба на флотата во стилот на Ким Џонг Ун“, извести КЦНА цитирајќи го вицеадмиралот Пак Кванг Соп.

Бродот е оценет како „класа Чое Хјон“ наречена по револуционерниот борец Чое Хјон кој се борел против Јапонците.

Ким исто така кажа дека силните капацитети за превентивен напад се најуверливото „воено одвраќање“ и дека нема ограничувања за опсегот на таквите напади.

„Безбедносното опкружување на нашата земја во моментов е многу сериозно“, кажа лидерот. Тој им се заблагодари на работниците и техничарите на изградбата на новиот разурнувач, кој е „верен на линијата на партијата за јакнење на поморските сили“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ