Во изминатите три месеци Градот Скопје набави нови специјално адаптирани моторни возила, со цел да се подобри движењето на децата и лицата со потешка телесна инвалидност и со кои во голема мера ќе се олесни нивното секојдневие. Доделени се и пет електрични скутери за лица со телесна попреченост, а се подготвува за отворање и новиот дневен центар за деца со попреченост.
Зоолошката градина во Скопје доби игралиште за деца и лица со попреченост
Зоолошката градина во Скопје доби инклузивно игралиште наменето за социјализација и рекреација на децата и лицата со попреченост. Игралиштето, кое го опреми Градот Скопје, се простира на површина од 200 метри квадратни и на него се поставени реквизити кои се соодветни и безбедни за користење за децата со попреченост.
Објавено на
часот