четврток, 24 октомври 2024

ЗНМ со осуда за запаленото возило на новинарот Серсемов, бара МВР итно да го најде сторителот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува вандалскиот чин на дрско опожарување на возилото на колегата Благој Серсемов, уредникот на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип. Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија настанот, а Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип отвори истрага за расчистување на случајот.

Објавено на

часот

Сподели

„Инцидентот се случил во текот на изминатата ноќ во кој патничкото моторно возило на новинарот и уредник од штипската телевизија М-нет, било запалено од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа. Со ова сторителите ризикувале да нанесат и поголема штета во смисла на изложување на потенцијален ризик по безбедноста на членовите на семејството на новинарот и на неговите соседи“, се вели во денешното соопштение од ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека Серсемов за ова тенденциозно уништување на неговиот личен имот изјавил дека ова го смета за директен удар врз сите медиуми, не само кон него лично, туку оти е загрозена безбедноста и на членовите на неговото семејство.

Здружението бара итна реакција на Министерството за внатрешни работи (МВР) за пронаоѓање на сторителот или сторителите.

Од МВР пак сооштија дека денеска часи половина после полноќ во СВР Штип било пријавено дека во дворно место на улица Карл Маркс во Штип било запалено возило рено лагуна со штипски регистарски ознаки, сопственост на Б.С.(41) од Штип.

„Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, информираа од МВР.

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип пак, информираа дека обвинителството постапува и издава наредби и насоки за расчистување на случајот со опожарено возило на Серсемов.

„Дадени се наредби да се извршат соодветни вештачења со кои ќе се утврдат причините за пожарот и идентификација на можен сторител на евентуално кривично дело. По наредбите и насоките постапува Министерството за внатрешни работи и вешто лице од Дирекцијата за заштита и спасување. Дополнително, дадени се насоки да се изврши проверка дали постојат евентуални снимки од видео надзор на подрачјето каде е опожарено возилото“, информира ОЈО Штип.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ