среда, 27 ноември 2024

ЗНАМ отвори канцеларија во Охрид

Ме радува што и во Охрид ве гледам во вака голем број на отворањето на просториите на ЗНАМ, каде вие граѓаните можете да дојдете и активно да се вклучите во движењето, да дадете придонес во промените кои доаѓаат во Македонија, рече Макисм Димитриевски, претседател на ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија на синоќешното отворање на просториите на изборниот штаб на движењето.

Објавено на

часот

Сподели

Тој додаде дека се радува што луѓето, граѓаните ја препознаваат различноста на ЗНАМ и поддршката од ден на ден сè повеќе се зголемува.

„Јас сакам Македонија да биде управувана од влада, но контролирана од претседателот на државата. Тоа е мојата цел. Мојот долг како претседател, ќе биде долг единствено кон обичниот граѓанин и кон сите оние коишто застанале зад мојата кандидатура“, рече Димитриевски.

Тој посочи дека оваа позитивна енергија ќе придонесе нештата во Македонија да се сменат и после изборите никогаш да не се исти.

„Сакаме власта преку ЗНАМ да ја вратиме во рацете на граѓаните и да бидеме вистински претставници на нивните интереси. Само така Македонија ќе може да излеззе од оваа состојба на тонење и разградување, кое трае речиси 30 години. Време е да се обединиме и сите заедно да обезбедиме подобра иднина за идните генерации“, рече Димитриевски пред членовите и симпатизерите на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ