среда, 24 јули 2024

Журка во Прилеп, „Славиме заедно – 100 години Прилепска пиварница“

На 13 јули од 20 часот, во срцето на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, ќе се одржи спектакуларен настан за одбележувањето еден век од постоењето на Прилепска пиварница.

Објавено на

часот

Сподели

Основана во 1924 година, Прилепска пиварница е камен-темелник на заедницата, произведувајќи најквалитетни пијалаци што го отелотворуваат нашето богато наследство. Овој значаен јубилеј заслужува голема прослава и затоа ве покануваме да ни се придружите заедно да го одбележиме овој наш голем роденден.

Настанот ќе биде исполнет со музика и забава. Реномираните уметници Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“ ќе се погрижат да приредат незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува.

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас. Придружете ни се на 13 јули на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, за незаборавна вечер со музика, веселба и убави спомени.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ